Кадино се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 12 км од потесното градско подрачје, а го зафаќа источниот дел на Скопската Котлина, на тромеѓата Скопје-Куманово-Велес. Административно, според територијалната поделба спаѓа под општина Илинден.
Од запад се граничи со село Идризово Од север со село Марино, североисток со село Бунарџик, а од исток и југ со село Миладиновци односно село Мралино.
Има многу добра сообраќајна поврзаност, бидејќи преку нејзината територија минуваат делниците М-1, М-3 и М-4 од меѓународните автопати и тоа: коридорот 10 (Е-75) север-југ и коридорот 8 (Е-65) исток-запад; железничката линија Белград-Скопје-Атина и меѓународниот аеродром „Скопје“.
Голем број на луѓе се доселиле од Кривопаланечко во селото Кадино во педесеттите години на XX век.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
782
—
1953
788
+0.8%
1961
922
+17.0%
1971
1.160
+25.8%
1981
1.466
+26.4%
Година
Нас.
±%
1991
1.644
+12.1%
1994
1.727
+5.0%
2002
2.090
+21.0%
2021
2.340
+12.0%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Кади Ќој со христијанско население, каде имало 36 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 136 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 298 жители.[2]
Кадино е големо село, коешто во 1961 година имало 922 жители, а во 1994 година 1.727 жители, од кои 1.481 биле Македонци, 24 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 146 Срби и 74 други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.090 жители, од кои 1.845 Македонци, 11 Албанци, 13 Турци, 11 Роми, 140 Срби и 70 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.340 жители, од кои 2.088 Македонци, 29 Албанци, 8 Роми, 81 Србин, 15 останати и 119 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
782
1953
615
5
—
1
—
165
...
2
—
788
1961
749
5
—
...
...
162
...
6
—
922
1971
951
33
—
—
...
169
...
7
—
1.160
1981
1.236
46
—
—
—
177
...
7
—
1.466
1991
1.406
31
—
6
—
138
—
63
—
1.644
1994
1.481
24
1
1
—
146
—
74
—
1.727
2002
1.845
11
13
11
—
140
—
70
—
2.090
2021
2.088
29
—
8
—
81
—
15
119
2.340
Родови
Кадино е мешано село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се.
Македонски
Доселеници:Тргачевци (22 к.), Филиповци (10 к.) и Стаменковци (3 к.) ова се трите најстари рода во селото. Доселени се, но не знаат од каде; Субашовци (5 к.) доселени се од селото Кишино кај Свети Николе. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 50 г. во 1953 година) Миајло-Стојан-Ване, основачот на родот кој се доселил; Посерковци (5 к.) доселени се во XIX век од селото Долно Лисиче. Старо име им било Дуњешковци; Варварци (3 к.) и Најдовци (6 к.) доселени се од селото Варвара во долината на Маркова Река; Китинчевци (3 к.) доселени се од селото Долно Лисиче; Богдановци (2 к.) доселени се од селото Текија. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 32 г. во 1953 година) Трајан-Младен-Богдан, кој се доселил; Мурџевци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Корабџиовци (3 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димитријовци (1 к.) доселени се однекаде; Гочевци (3 к.) доселени се од Лисиче; Ваневци или Роглевци (4 к.) доселени.се од селото Бунарџик. Таму имале роднини; Златановци (3 к.) и они се доселени од селото Бунарџик во 1919 година; Атанасоски (1 к.) доселени се во 1919 година од мијачкото село Лазарополе; Стојанови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Радишани; Иваноски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Пуста Брезница. Таму припаѓале на родот Василевци; Ивкоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љубанци; Филипоски (1 к.) и Николоски (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Галичник; Митрески (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Лазарополе; Софраниоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Мелничани кај Дебар; Давчеви (1 к.) и Апостоловски (1 к.) доселени се во 1942 година од Скопје.
Српски
Доселеници:Ѓоргијевски (1 к.) овој род потекнува од дечко кого го украле некои Роми од околината на Бујановац во Србија, во 1912 година. Детето подоцна е посинето во родот Субашовци; Милошевиќи (2 к.), Балканџици (8 к.) и Велковиќи (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Петровац кај Пирот во Србија; Ранчиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Сукова кај Пирот во Србија; Маниќи (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Држина кај Пирот во Србија; Страхиниќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Вучиделци кај Сурдулица во Србија; Станковиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Гостиљ кај Ужице во Србија; Карановиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од околината на Шабац во Србија;. Пејиќи (4 к.), Павковиќи (1 к.) и Каменковиќи (3 к.) доселени се во 1921 година од селото Осредци кај Лика во Хрватска; Богдановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од Лика во Хрватска; Десниќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Срба кај Лика во Хрватска; Рогановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Струпиќ кај Мостар во БиХ; Јовановиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Вучковица кај Чачак во Србија; Жигиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Дуги До кај Лика во Хрватска; Радојици (1 к.) доселени се во 1950 година од селото Ташковца кај Босанска Крајина во БиХ.
Влашки
Доселеници:Спировци (1 к.) по потекло се од Крушево. Од каде се иселиле во Скопје, па од таму во 1932 година во Кадино.[11]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје: Филозофски факултет.